Застрелано едно лице во угостителски објект во Тетово

Од:

Едно лице е застрелано ноќеска пред полноќ во угостителски објект во Тетово лоциран на ул. „29 Ноември“.

Од основното јавно обвинителство информираат дека убиството се случило околу 23.50 часот откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. При тоа му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место. По стореното кривично дело групата се дала во бегство, за подоцна двајца да бидат лишени од слобода од страна на полицијата, а другите двајца, меѓу кои и сторителот, сами се пријавиле во полициска станица.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи до раните утрински часови вршеле увид на во објектот на ул. 29 Ноември во Тетово.

Обвинителот издал наредби за прибирање траги од лице место и нивно вештачење, како и за вештачење на чаурата најдена на местото на настанот. Издадена е и наредба за вршење обдукција над починатото лице. Извршено е фотографирање и скицирање, како и други дејствија во насока на расчистување на кривично правниот настан.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски