Македонските екипи во женската ракометна регионална лига претрпеа порази на синоќа одиграните натпревари со хрватските екипи.
Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ загубија од Подравка со 23:25 и со овој триумф гостинките се доближија до лидерот Будуќност.
На дуелот во салата „Автокоманда“ Металург загуби од Локомотива со 27:30 и со тоа ги намали шансите за пласман меѓу првите четири екипи.
Утре четирите екипи ќе одиграат уште еден натпревар. Вардар СЦБТ ќе биде домаќин на Локомотива (натпревар од 11.коло), додека Металург ќе ја пречека Подравка (натпревар од 13.коло).
Табела: Будуќност 19 бодови (11 натпревари), Подравка 17 (9), Локомотива 13 (10), Металург 10 (10), Заечар 6 (7), Вардар СЦБТ 6 (10), Јагодина 2 (8), Бисери 0 (10).