Самитот на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун заврши неуспешно.
Но, и овој пат, како и на претходниот самит, социјалните мрежи беа преплавени од фотографии и снимки од Виетнам, каде што се одржуваше состанокот, а најголемо внимание повторно предизвика обезбедувањето на севернокорејскиот лидер.
Познато е дека Ким има многу телохранители во своја придружба.
Сите беа облечени во костуми, и еден по еден, скокнуваа во автомобилите кои се движеа.
Не е јасно зошто толку брзаа, но го инспирираа Интернетот за многу коментари.
Incredible scramble as North Korean security climb into moving cars pic.twitter.com/tfdRz8UMWj
— Motoko Rich (@motokorich) February 28, 2019
Тие се регрутирани од Корејската народна армија, мора да бидат со иста висина како лидер, да имаат добра вид, добро да пукаат со пиштол и да се занимаваат со боречки вештини.
Личното обезбедување на Ким е дел од Врховната гарда, која со децении го штити владејачкото севернокорејско семејство.