Милвоки обезбеди учество во плеј-офот по победата над Лејкерси

Од:

Тимот на Милвоки ги надигра како гости Л.А. Лејкерс со 131:120 во средба од регуларната сезона на НБА.

Така Бакс си обезбедија предвремено учество во плеј-офот, откако запишаа седми последователен успех во лигата и остануваат лидер во Источната конференција, додека Лејкерси се десетти на Запад.

Ерик Бледсоу постигна 31 поен и9 асистенции. Малколм Брагдон постигна 21, а најголемата ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетекумбо реализираше „дабл-дабл“ – 16 поени и 15 скока.

За Лејкерс, Џејмс и Инграм постигнаа по 31 поени, а Ражон Рондо додаде 20 поени, 8 скока и 9 асистенции, но тие се покажаа крајно недоволни за избраниците на Лук Волтон.

Во следните дуели, Милвоки гостува кај Јута Џез додека тимот од Ел Еј патува до Феникс Санс.

Останатите резултати од вечерта:

Атланта Хокс – Чикаго Булс – 161: 168 по четири продолженија
Бруклин Нетс – Шарлот Хорнетс 112: 123
Торонто Репторс – Портланд Трејлблејзерс 119:117
Бостон Селтикс – Вашингтон Визардс 107: 96
Феникс Санс – Њу Орлеанс Пеликанс 116: 130
Сакраменто Кингс – Л.А. Клиперс 109: 116.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот