Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево синоќа ја промовираше стихозбирката „Градот“ од поетесата Билјана Начовски.
Стихозбирката има 38 песни, а авторката претходно ги објави и „Акорди на моето срце“ и „Сила што ќе напише“.
– „Градот“ е наградена стихозбирка на конкурсот на здружението „Златно перо“ од Битола. Во неа има 38 песни, дел од нив се автобиографски и се напишани за да може на сите читатели да им се допаднат и тие да си најдат некоја своја песна, истакна Начовски.
Директорката на „Илинден“ Билјана Петровска рече дека е задоволство што витрините на нивната библиотека ќе ги краси уште едно дело напишано од роднокраен автор.
Песни од збирката „Градот“ на промоцијата читаа ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“.