Пакистан ја тужи Индија во ОН поради „еколошки тероризам”

Од:

Пакистан планира да поднесе тужба до ОН, обвинувајќи ја Индија за „тероризам врз животната средина” поради воздушните напади, кои ја оштетиле боровата шума и доведоа до раб на нуклеарен конфликт, изјави денеска владин министер.

Министерот за климатски промени Амин Аслам рече дека индиската армија бомбардирала „шумски резерват” и додаде дека Владата на Пакистан извршила проценка на штетата врз животната средина, која ќе биде основа за тужба до Обединетите нации.

– Овде се случи еколошки тероризам. Направена е голема еколошка штета, истакна Аслам и додаде дека се урнати повеќе десетици борови.

Од ОН изјавија дека уништувањето на животната средина, кое не е оправдано со воени цели не е согласно резолуцијата на Генералното собрание на ОН 47/37.

Индиски воени авиони во вторникот ја нападнаа шумската област во близина на Балакота, град во северен Пакистан, во кашмирскиот регион.

Според тврдењата на Њу Делхи, цел на нападите биле терористички кампови.

Пакистан порекнува постоење какви било терористички кампови во Кашмир.

Индија и Пакистан се во период на најголем судир во последните години, каде светските сили посредуваат за да спречат ескалација на тензијата меѓу земјите, кои од стекнувањето на независност во 1947 година воделе дури три војни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати