Јужнокорејскиот производител на автомобили КИА објави први фотографии од моделот Сид ГТ, кој официјално ќе биде претставен на Саемот на автомобили во Женева.
Моделот Сид ГТ заедно со моделот со три врати ПроСид ГТ претставува поход на КИА на пазарот на автомобили со високи перформанси.
Двата модели се механички идентични и ги придвижува 1,6 литарски ГДИ мотор со турбополнач, што испорачува 201 коњска сила. Според податоците на компанијата од 0 до 100 километри на час Сид ГТ забрзува за 7,9 секунди.
Моделите Сид и ПроСид ГТ во производство ќе се најдат кон средината на мај. Цената официјално ќе биде претставена во март во Женева. Се очекуваа таа да изнесува околу 26,767 евра.