ВМРО-ДПМНЕ: Инвестиции и богатство гледаат само Анѓушев и Заев, граѓаните живеат се посиромашно 

Од:

Инвестиции и богатство гледаат само Анѓушев, Заев и криминалниот картел околу нив, а граѓаните живеат се посиромашно, доказ дека економијата тоне е континуираното зголемување на бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

„Преку 500.000 луѓе не можат да се прехранат, а Заев и Анѓушев ги убедуваат дека од славините тече мед и млеко.

Минатата година се реализирани 624 милиони евра странски директни инвестиции или 5.9% од БДП, од кои 405 милиони евра се реинвестирана добивка на веќе постоечки претпријатија, кои се инвеститори во ТИРЗ, како резултат на добрите политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото.

Вистинската вредност на СДИ е само 219 милиони евра или 2.1% од БДП. Вистинското ниво на странските директни инвестиции во 2018 година е за 4 пати помало од истите во 2008 година.

Власта не ја кажува вистината и манипулира. СДСМ, која ги плукаше СДИ и добрите економски политики сега се фали со резултатите постигнати од мерките на ВМРО-ДПМНЕ. Власта е неспособна да генерира раст и развој и затоа се фали со туѓи успеси“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер тандемот Филипче-Заев во ек на Ковид кризата поништил тендер за томографии, па објавиле нов за 15 милиони денари поскап

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо Клинички центар изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали

ВМРО-ДПМНЕ: За отвореното како пупка судство на Заев младиот живот изгубен на пешачки вреди две години

А1он