Пакистан е подготвен да го ослободи индискиот пилот

Од:

Пакистан е подготвен да го ослободи заробениот индиски пилот за да придонесе за смирување на затегнатоста со Индија, соопшти денеска пакистанското Министерство за надворешни работи.

– Подготвени сме да го вратиме индискиот пилот ако тоа придонесе за деескалација на кризата, изјави портпаролот на пакистанкото МНР Шах Мехмуд Куреши.

Кризата избувна во вторникот меѓу двете соседни земји околу спорната област Кашмир.

Пакистанската армија вчера потврди дека урнала два индиски авиони во пакистанскиот воздушен простор, од кои еден падна во индискиот дел на Кашмир, а вториот во пакистанскиот дел. Пакистан зароби еден индиски пилот и објави негови фотографии.

Њу Делхи призна дека во судирите загубил еден Миг-21 и побара итно и безбедно враќање на својот пилот, кој сега се слави као херој во Индија.

Светските медиуми претходно јавија дека тензиите меѓу Индија и Пакистан продолжуваат да растат, откако двете земји во текот на ноќта размениле оган на границата во регионот на Кашмир. Индиски и пакистански функционери пријавија дека ноќеска имало „помала размена на оган“ и гранатирање во регионот на Кашмир.

Од друга страна, членови на партијата на индискиот премиер Нарендра Моди побараа поголема воена акција што укажува дека конфликтот би можел да ескалира.

Пакистанскиот премиер Имран Кан повика на разговори меѓу двата нуклеарни соседи.

– Со оглед на природата на оружјето што го имаат нашите две земји, дали смееме да си дозволиме погрешна проценка ?, праша тој.

Во пакистанскиот дел на Кашмир се затворени училиштата и образовните институции. Железничкиот сообраќај кој го поврзува Лахоре во источен Пакистана и Индија е во прекин поради безбедносни причини.

Пакистанскиот воздушен простор е затворен веќе два дена, што предизвика големи проблеми во авио-сообраќајот.

Конфликтите поради Кашмир меѓу Пакистан и Индија траат 60 години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати