Промоција на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, Ванчо Апостолов

Од:

Во Неготино вечерва се одржа конвенција на која беше промовиран кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ванчо Апостолов.

Во своето обраќање до присутните Апостолов рече дека како пратеник беше иницијатор и директно учествуваше во донесувањето и имплементацијата на голем број закони и мерки за подобрување на развојот во земјоделството.

– Пред 2006 година, пет милиони евра изнесуваше целокупниот буџет на Република Македонија за субвенции и тоа на годишно ниво. Наспроти тоа, благодарение на заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, пет милиони евра се доделуваат само за субвенции на земјоделците од општина Неготино. Исто така, пред само три месеци ги зголемивме субвенциите за цели 20 проценти за регистрираните земјоделци, а со законот за земјоделските задруги, што го донесовме пред десетина дена, членовите на истите, а тоа се евидентирани земјоделци, ќе добијат дури 15 проценти повисоки субвенции. Како што ветивме така и го донесивме Законот за вино со кој се регулира односот на винариите спрема лозарите, рече тој.

Потсети дека како иницијатор за донесување на Законот за легализација на државното земјоделско земјиште засадено со повеќегодишни култури, или популарно нареченото фондово земјиште, е посебно горд затоа што се реши еден голем проблем со кој што се соочуваат голем број лозари и овоштари од општина Неготино. Ги спомена и проектот за легализација на земјоделската механизација и проектот за консолидација на земјоделското земјиште. Апостолов се осврна и на програмата за финансирање и поддршка на руралниот развој со која многу земјоделци си ја обновија земјоделската механизација.

Апостолов ги нагласи проектите на Владата на Република Македонија со кои се подобрува животот на пензионерите, оние од сферата на социјалната правда, образованието и многу други сфери.

Спомена неколку проекти со кои како иден градоначалник ќе го подобри животот на неготинци и тоа развојот на индустриската зона „Црвени Брегови” и проширувањето на зоната „Дуброво”, гасификација на општината, подобрувањето на водоснабдувањето. Нагласи неколку прокети од комуналната инфраструктура во градот и населените места, изградба на паркинг, преадаптирање на простории за детски градинки.

– Ќе ги реконструираме локалните патишта Тимјаник – Долни Дисан и Курија-Паликура, ќе го подобриме патот кон Криволак. Ќе го реконструираме градскиот стадион и комплетно ќе го уредиме просторот во рамките на спортско рекреативниот центар „Младост”, рече Апостолов.

Заедно со граѓаните на Неготино ќе се бори градот да не биде само транзитно место. Најави борба за заживување на инвестициите и економијата и градежна експанзија. Ќе бидат воведени општински бенефиции кои ќе бидат магнет за инвеститорите.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме