Маж во селото Мартолци палел сува трева, а огнот го зафатил и починал

Од:

Синоќа околу 18.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во нива во село Мартолци, Велешко, починат и со изгореници на телото било пронајден 80-годишниот Ј.А. од истото село.

Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, посочи дека вчера околу 13.00 часот Ј.А. запалил исушената трева, но огнот го зафатил и него.

– Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицинскиот центар Велес, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб, информира Додевски.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип