Џафери не ја повлекува ќерката од ЕЛЕМ, ќе чека одлука на антикорупциска

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери не сака да го послуша повикот на премиерот Заев за повлекување на роднините и блиските членови на семејствата на функционерите, вработени во државни институции. На брифинг со новинарите Џафери рече дека не било на партиите или поединците да одлучуваат за ова , туку имало комисија надлежна за прашања поврзани со непотизам и судир на интереси. Тој пред новинарите го цитираше член 9 од Уставот каде стои „Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.“

Пред неполн месец антикорупциската комисија по допрен глас отвори предмети за 18 лица, роднини на функционери кои изминатиов период се вработиле во државни институции, а меѓу кои е и ќерката на собранискиот спиекр, Бесија Џафери, вработена во ЕЛЕМ. При изборот на новиот состав на ДКСК во јавноста се отвори и прашањето за релацијата на Џафери со еден од членовите, Нури Бајрами, со кого е баџанак, но комисијата едногласно одлучи во случајот нема судир интереси.

Под притисок на јавноста, дел од пратениците најавија дека нивните роднини се повлекуваат од работните места, меѓу кои мајката на пратеникот Костадин Костадинов, дедото на Александар Кирацовски, синот на Горан Мисовски, братот и сопругот на Мира Стојчевска. Од функционерите на ДУИ досега ниту еден не кажа дека ќе бара повлекување, а министерот за економија Крешник Бектеши, чија сестра се вработи во МЕПСО, рече дека нема намера да влијае таа да се повлече од работното место.

Галена Николовска-Ризванивиќ

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Антикорупциска ќе иницира постапка против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот