Промовиран кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Дојран, Борче Стамов

Од:

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на конвенција во Стар Дојран го промовираше Борче Стамов за кандидат за градоначалник на Дојран на локалните избори во март.

Кандидатот за градоначалник Стамов изрази воодушевување од атмосферата и амбиентот во салата и рече дека тие се потврда за прифатеноста на политиката на ВМРО-ДПМНЕ на овие простори.

– За мене кандидатурата претставува голема обврска, но ја прифатив затоа што верувам во нашата политика, верувам во себе и цврсто верувам дека ќе успееме, рече Стамов.

Мојата визија, потенцира тој, е Дојран да функционира европски, а како мој приоритет ќе биде да нуди перспектива за младите.

– Иако сум премлад, спремен сум да се борам за моите јасно зацртани цели, истакна Стамов повикувајќи ги жителите на Дојран да гласаат за него.

Вети дека ќе ја вложи сета своја енергија зе прогресот на Дорјан како силна и просперитетна средина.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември