„Асемантички записи“ – изложба на Ивона Тричковска во МКЦ

Од:

На 28 февруари, четврток, со почеток во 19 часот во Галерија МКЦ ќе се отвори изложбата на Ивона Тричковска „Асемантички записи“.

Изложбата „Асемантички записи“, премиерно реализирана во Виена (2018), е своевиден авторски “work in progress” на еден специфичен ликовен јазик во кој доминира текстуалниот графицизам на платна со нагласена ѕидна монументалност во совладувањето на една визуелна целина во просторот. „Слободните“ мурални платна претставуваат полуапстрактни текстуални записи испишани на јазикот на асемантиката, имајки предвид дека не само текстуалните инскрипции туку и гестуалните, неформални траги имаат своевидна знаковна носивост, извесна јазична текстура.

Ивона Тричковска дипломира на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, при одделот за сликарство. Вработена е во Националниот конзерваторски центар – Скопје како виш конзерватор – реставратор на иконописни дела. Учествува на неколку изложби, ликовни колонии, семинари и презентации во Македонија и во странство.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски