Новицки четврти кошаркар кој одиграл 1.500 натпревари во НБА

Од:

Германскиот интернационалец, член на Далас маверикс, Дирк Новицки влезе во историјата на НБА-лигата. Тој настапи за својот тим ноќеска на гостувањето кај Лос Анџелес клиперс и стана четвртиот кошаркар со 1.500 натпревари во најсилната светска лига.

Четириесет годишниот Новицки за кусо време може да избие на третото место на оваа листа.

Пред него се само Роберт Периш со 1.611 настапи, Карим Абдул-Џабар има 1.560 натпревари и Џон Стоктон со 1.504 НБА средби.

Јубилејот на Новицки не беше прославен со победа на неговиот тим. Клиперс славеа триумф со 121:112.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот