• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Француската министерка за европски прашања, Натали Лоазо во посета на земјава

by А1он26/02/2019 - 08:22271
Share0

Министерката за европски прашања при Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција, Натали Лоазо, денеска ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти француската Амбасада во Скопје, министерката Лоазо ќе биде примена од премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, а ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во придружба на министерката Лоазо се и сенаторката и претседател на групата за пријателство Франција-Западен Балкан, Марта де Сидрак, како и пратеникот и претседател на групата за пријателство Франција-Северна Македонија, Бертран Сор и заменик-директор за континентална Европа при Министерството за Европа и надворешни работи, Бујан де Лакост.

Во рамки на посетата на Владата на Република Северна Македонија, министерката Лоазо и министерот за образование и наука Арбер Адеми, во присуство на премиерот Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе потпишат билатерална спогодба што се однесува на франкофонските двојазични паралелки во средните училишта.

Република Северна Македонија е полноправна членка на Франкофонијата, а оваа спогодба е прва од таков вид што таа ја потпишува со друга држава по ратификацијата на Договорот од Преспа.

На средбата со студенти на која е поканета министерката Лоазо, во Дипломатската академија при Министерството за надворешни работи, ќе се разговара за прашања кои се однесуваат на иднината на ЕУ и за процесот на интеграција на Западен Балкан во Европската Унија.

Според агендата, предвидена е и средба со претставниците на локални невладини организации, кои се партнери на француската Амбасада.

mnrvladaZaev

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски05/01/2026 - 12:5606/01/2026 - 09:03

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:13

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:1027/12/2025 - 12:10

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Горан Наумовски23/12/2025 - 16:27

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:0722/12/2025 - 11:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен