Заменик министерот Павлески и градоначалниците на Велес и Гази Баба на конференција во Тел Авив

Од:

На покана на Федерацијата на локалните власти на Израел, заменикот министер за локална самоуправа, Дејан Павлески и градоначалниците на општините Велес и Гази Баба, Аце Коцевски и Борис Георгиевски, ќе учествуваат на меѓународната конференција за општински иновации, MUNIWORLD 2019, што од денеска до 28 февруари ќе се одржи во Тел Авив.

Во рамки на Конференцијата, ќе се одржи и MUNIEXPO 2019, најголемиот годишен настан во организација на Федерацијата на локалните власти на Израел, на кој ќе присуствуваат над 200 градоначалници, како и министри, претставници од научни институции и од бизнис секторот од Израел, како и од многу други земји од целиот свет.

Конференцијата е посветена на урбаните иновации и паметни градови и е можност за вмрежување и соработка на властите, одговорни за локалната самоуправа.

Годинава, главна тема на конференцијата е урбаната безбедност, а учесниците ќе имаат можност и директно да се запознаат со иновативни системи во израелски општини.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска