Поради Косово, Шпанија нема да биде организатор на квалификациски натпревари за ЕП до 17 години

Од:

Одбивањето на Шпанија да го користи знамето и химната на Косово ја принуди УЕФА да ги премести квалификациските натпревари за Европското фудбалско првенство до 17 години.

Непријателството од страна на Шпанија кон спортистите од Косово го прекршува ветувањето што нејзината влада го направи пред Меѓународниот олимписки комитет за почитување на правата на спортистите. МОК интервенира во ноември и најави договор со шпанските министри, откако симболите на Косово беа забранети на светското првенство во карате во Мадрид.

– Ова ќе осигури дека спортистите на Косово имаат право да учествуваат во исти услови како сите останати спортисти од 206-те национални олимписки комитети, признати од МОК, изјавија од олимпискиот орган.

Шпанскиот град Билбао е исто така еден од 12-те града, избрани од УЕФА да биде домаќин на Европското првенство 2020, а Косово е потенцијален учесник. Балканската земја обезбеди место во баражат во март 2020 година.

Сега УЕФА потврди дека шест натпревари во квалификациската група за младинскиот шампионат до 17 години веќе не можат да се играат во Шпанија наредниот месец.

Шпанија, Косово, Грција и Украина требаше да измерат сили во Бенидорм и Алкој – Источна Шпанија.

Наместо тоа, четирите репрезентации ќе измерат сили на стадионот до седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, а средбите ќе се играат од 25 до 31 март.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри