ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се решени да продолжат со своите деструктивни политики

Од:

Одбивањето на нашиот коректен предлог за продолжување на рокот за поднесување на советничките и градоначалничките листи, заедно со одбивањето на пакетот мерки, објавени од страна на претседателот Никола Груевски на 12 февруари претставува јасен сигнал дека СДСМ и Бранко Црвенковски се решени да продолжат со своите деструктивни политики, со предизвикување хаос и проблеми за Република Македонија.

Ова се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ притоа изразува сериозна загриженост за постапките кои СДСМ ги влече во последниот период.

Разочарани сме од фактот што СДСМ најавува дека нема да учествува на претстојните локални избори. За нас тоа ќе беше најдобар начин како партиите да ги соочат своите концепти. Од една страна ВМРО-ДПМНЕ, со програми, со конкретни проекти, со мерки и со реализирани дела, а од друга страна СДСМ со нивните инциденти, интриги, манипулации и желба да направат хаос. На тој начин граѓаните ќе имаа можност да изберат помеѓу овие два сосема спротивни концепти, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Со денешните постапки, како што се наведува, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски само докажа дека нема капацитет да се носи со одговорностите и дека лесно носи одлуки на штета на Република Македонија, а единствено со цел да си ја спаси својата политичка кариера. Црвенковски, се додава во текстот, ќе биде тој кој врз себе ќе ги носи последиците на своите катастрофални одлуки.

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да му дава алиби на Црвенковски пред неговото членство, кое се повеќе не му верува, пред граѓаните, кои видоа дека е главен иницијатор на сите деструктивни сценарија и пред меѓународната заедница, на која лесно и ги отфрли и одби сите апели за враќање на СДСМ во институциите и политичките процеси, се посочува во соопштението од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања