ВИДЕО: Германски искуства ќе се користат за дуалното образование, странските инвеститори и законската регулатива

Од:

Дуалното образование, привлекувањето странски инвеститори и подобрувањето на законската регулатива во делот на економијата се областите на кои ќе се работи во следниот период заедно со германскиот експерт Валтер Дефа, испратен од канцеларката Ангела Меркел, кој утрово во Владата го имаше првиот состанок со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– Ги разгледавме сите околности во Македонија од економски аспект. Ги разгледавме областите во што ќе работиме заедно со консултантот. Тоа ќе бидат областите што ќе обезбедат подобри економски околности за работа и ќе ја подобрат бизнис климата во државата, изјави вицепремиерот Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање пред презентацијата на Оперативниот план за вработување за 2019 година.

Првичниот совет од германскиот експерт, како што рече Анѓушев, е дека државата има добар моментум кој треба да се искористи и да се подобри економијата и стандардот на граѓаните.

Валтер Дефа е долгогодишен претставник на СР Германија во Европската комисија каде извршувал повеќе должности. Меѓу другото, бил директор на Генералниот директорат за регионална политика, а го предводел и Генералниот директорат за даноци и царини на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката