Чешка и официјално ќе ни се обраќа под уставното име

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, испрати писмо до неговиот чешки колега Карел Шварценберг, во кое се заблагодарува за одлуката на Чешка да ја потврди и официјализира досегашната пракса на обраќање кон Република Македонија со нејзиното уставно име во билатералната комуникација.

Во писмото, информираат од МНР, министерот Попоски нагласува дека Република Македонија високо ја цени принципиелната позиција и отворената поддршка што ја дава Чешка кон нашата земја од осамостојувањето. Особено се поздравува поддршката во рамки на Европската унија за што поскоро започнување на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во Унијата.

– Оваа одлука на чешките власти, претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу Македонија и Чешка, и своевиден пријателски гест во насока на продлабочување на довербата и пријателството меѓу двете земји, се вели во соопштенеито од МНР.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство