Владата ќе користи германски искуства за побрз економски развој

Од:

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска оствари средба со специјалниот советник номиниран од Владата на СР Германија, Валтер Деф со кого разговараше за тоа како да се искористат германските искуства за да се овозможи побрз економски развој.

Двајцата соговорници, како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот, разговарале за стратешките приоритети на Владата во делот на економијата и како да се обезбедат клучните предуслови за побрз и одржлив економски раст.

– Клучните постулати во оваа насока се владеење на правото, реализацијата на инфраструктурните проекти за подобро поврзување со соседите, со тоа и зголемување на регионалната економска соработка, но и реформи во образовниот систем, со кои ќе се задоволат потребите на пазарот на трудот во земјата, велат од Кабинетот на вицепремиерот.

На денешната прва средба, Анѓушев истакнал дека споделувањето на искуствата за европските фондови ќе биде од големо значење и ќе придонесе за искористување на овие фондови за побрз економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните на Република Северна Македонија.

Валтер Дефа е долгогодишен претставник на СР Германија во Европската Комисија каде извршувал повеќе должности. Меѓу другото бил и директор на Генералниот директорат за регионална политика, а го предводел и Генералниот директорат за даноци и царини на Европската Комисија.

 

Би можело да ве интересира

Левица: Маричиќ продал археолошко наоѓалиште на Анѓушев за поставување на фотоволтаици

Се уредува внатрешноста на храмот „Свети Константин и Елена“ во Скопје, од верниците се бара помош

Анѓушев: Силно ги негирам сите сомневања изразени од Стејт департментот, ќе ја обжалам одлуката

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако – обединување на стопанството, ЗЕК, силни партнерствава, градење кадри

СКСМ: Награди за КИФ, Анѓушев и регионалните комори во Битола и Прилеп

Анѓушев на европски форум за енергија во Атина: Потребни се технички решенија за енергетската криза