(ВИДЕО) Стоилковски:  Се уште нема никаква реакција од власта по обидот за линч врз поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Се уште нема никаква реакција од власта по обидот за линч врз поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Се уште нема ништо од истрагата, нема ништо од Управата за извршување санкции, нема ништо од Министерството за правда, нема ништо од Зоран Заев, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Но затоа, додава тој има засилени отворени закани против членови на ВМРО-ДПМНЕ. „Се јавија сите таканаречените команданти, терористи од Диво Насеље, закани кон актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Столиковски.

„Додека Зоран Заев и Министерката Рената Треневска Десковска мислат дека добро се затскриле и го забошотиле случајот, нарекувајќи го инцидент и со оставка на директорот на затворот Скопје, терористи и криминалци земаат сила да одработат за целите на хунтата во предизборието!

Фингираната оставка од директорот на затворот Скопје, е обид на Заев да ги сокрие вистинските намери. Директорот дал оставка ама ги подготвува извештајот. Ниту Управата за санкции ниту министерството за правда ги изнесе фактите и доказите како се случиле два внимание ДВА обиди за линч во кратко време, за убиство на поранешни министри, ниту пак ќе ги прикаже видео материјалите од безбедносните камери! Срамно се кријат фактите и се долева масло на ова со тоа што се наведува дека ова бил инцидент предизвикан од „вербални навреди“ од Ристовски и Јанакиески! Срамота! Нема ниту збор за одговорност за тоа дека во два одвоени случаи во период од два часа се претепани членови на опозицијата.

Обидот за линч не е „инцидент“, туку добро организиран напад! И истата група извршители без никакви стеги и натаму се закануваат по членови на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе биле тепани и убиени! Власта молчи, одговорните молчат, уште и долеваат масло на огнот со нивното нереагирање. Тоа остава простор за и натаму оваа терористичка група и нивните поддржувачи да упатуваат, но и да преземаат акции против ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ