Зајакнати контроли на МВР, 26 возачи управувале автомобил под дејство на алкохол

Од:

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Од страна на полициски службеници контролирани биле 159 возачи, a кај 26 утврдено е присуство на алкохол.

Од МВР велат дека при контролите откриени биле и над 50 останати прекршоци. 69 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило, а од страна на полицијата биле издадени мандатни патни налози. Исто така, констатирани се и 46 останати прекршоци, за кои се издадени 29 мандатни платни налози и 17 прекршочни платни налози.

За само една ноќ во Скопје со специјално возило „пајак” подигнати се 27 возила кои биле непрописно паркирани, во најголем дел на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Јордан Мијалков“.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Пожар во двор и на улица во Габрово – полицијата уапси жител на селото

Горан Наумовски

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он