Американскиот потпретседател Мајк Пенс планира утре за прв пат да се сретне со венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо во Колумбија, во знак на поддршка на Гваидо по викенд исполнет со насилства, сооопштиле советниците на Пенс.
Војската лојална на Мадуро вчера го блокираше конвојот со хуманитарна помош на преминот од Колумбија во Венецуела, со употреба на солзавец и гумени куршуми, при што уби двајца демонстранти.
САД поради насилствата би можеле утре да наметнат нови санкции, со цел владата на Мадуро да остане без приходи. Пенс ќе пристигне во главниот град на Колумбија, Богота, кај што ќе се сретне со регионални лидери, кои го признаа Гваидо како легитимен претседател на Венецуела, откако Мадуро одржа избори минатата година, чии резултати не ги призна опозицијата.