Кубанците на референдум гласаат за нов устав

Од:

Над осум милиони Кубанци со право на глас денеска на референдум ќе гласаат за нов Устав, со кој се признава дека пазарите, приватната сопственост и странските вложувања се нужни за кубанската економија.

Сепак, како и во Уставот од 1976 година останува делот за кубанската Комунистичка партија, нагласувајќи дека „човековото суштество остварува целосно достоинство само во социјализам и комунизам“.

Кубанската Влада со недели лобира за референдумско „Да“, пришто кампањата е сеприсутна и на телевизиите и на социјалните мрежи, па дури и на автобусите и продавниците. Кубанците имаат можност да заокружат „Да“ или „Не“ на прашањето „Дали сакате ратификување на новиот Устав на Републиката?“.

Опозицијата, за разлика од вообичаените избори кога повикува да не се гласа или да се поништат гласачките ливчиња, сега ги повикува избирачите да заокружат „Не“, пренесува Индекс. Да не се гласа за новиот Устав бараат и Католичката и Евангелистичката црква, кои жестоко се противат на дефиницијата на бракот како „заедница на две лица“, што е чекор кон легализирање на истополовите бракови. Владата се повлече во однос на тој дел од Уставот, но Католичката црква и натаму ја критикува кубанската „единствена идеологија“ втемелена на социјализмот.

Доколку победи опцијата „Да“ текстот ќе стапи во сила со објавувањето во Службен весник. Од тој датум Претседател ќе може да служи само два последователни мандати од пет години. Ако победи опцијата „Не“, Уставот од 1976 година останува во сила и ќе треба со интервенција во законите да се отвори пат за економско отворање на островот. Владата очекува гласачите со огромно мнозинство да го прифатат новиот Устав.

Резултатите од референдумот ќе бидат познати во понеделник попладне.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ