Агим Шаќири од ДУИ завршил во болница затоа не гласал за одземање на имунитетот на Вељаноски

Од:

Причината поради која пратеникот од ДУИ Агим Шаќири по паузата во 21 часот не се појави на мандатно-имунитетната комисија е влошување на неговата здравствена состојба по што завршил на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Комисијата овие два дена расправаше за одземање на пратеничкиот имунитет на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски кој е обвинет за организирање на наслниот упад во Собранието на РМ на 27 април 2017 година.

Вечерва Комисијата не изгласа да му биде одземен имунитетот на Вељаноски. Резултатот од гласањето беше 4-4. Недостасуваше гласот на пратеникот од ДУИ, Агим Шаќири.

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски по ваквиот резултат од гласањето рече дека останува на претседателот на Собранието Талат Џафери да ја истолкува оваа одлука на Комисијата и да одлучи дали утре ќе се одржи пленарната седница.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги