Гусман по Капоне, број еден непријател во Чикаго

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Чикаго го прогласи мексичкиот наркобос Хоакин „Ел Чапа“ Гусман, за свој непријател број еден, а прв пат таа титула во 1930 година му ја додели на Ал Капоне.

Според комисијата за криминал и Американската управа во борба против дрога, Гусман е издвоен поради улогата на водич на моќниот картел Синало, кој држи голема количина на дрога.

-Од првиот непријател, кој беше број еден, не постоеше криминалец кој може повеќе да ја заслужи титулата од Гусман – изјави претседателот на 94 години старата чикашка комисија за криминал, Џеј Ар Дејвис.

Комисијата беше таа која Ал Капоне го прогласи за градски непријател број еден во 1930 година.

al-kapone

Имаше и други криминалци кои беа прогласувани за јавни непријатели, но Ал Капоне беше само број еден, до сега.

Магазинот „Форбс“ во своја статија напиша дека Гусман е еден од најопасните и најбараните криминалци во светот, и дека тој е еден од најбогатите.

За разлика од Капоне, Гусман не живее во Чикаго, туку во планинското место во западно Мексико.

Поради работите кои ги води во градот, тој треба да се смета за локален криминален водач – изјави шефот на чикашката управа за борба против дрога, Џек Рајли.

-Гусман според мене е новиот чикашки Ал Капоне – изјави тој.

Во времето на забрана на производството и продажбата на алкохолот на територијата на САД, Чикаго беше седиште за препродажба и другите работи на Капоне.

Во затвор заврши поради затајување на данок, но е препознатлив по лошиот глас најмногу заради масакрот на Св. Валентин, во кој беа убиени седмина негови соработници.

Рајли смета дека Гусман е посуров од Капоне.

-Кога нив двајцата би ги ставиле во ринг, Гусман би го изел жив – вели тој.

Гусман е оптужен за криумчарење во Чикаго, а официјалните лица во САД сакаат тој да им биде испорачан, доколку биде фатен жив.

Американската влада понуди 5 милиони долари за неговото апсење.

-Доаѓа редот на него. Едвај го чекам тој ден – изјави Рајли.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски