Прегазена жена на улица во Скопје

Од:

Седумдесет и двегодишна жена почина по удар од автомобил во Скопје.

Како што соопшти полицијата, вчера во жената со иницијали Т.С. удрило непознато патничко возило, управувано од непознат возач.

Несреќата се случила на крстосницата од улиците „Нов живот“ и „Клисурска“, а жената по ударот била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде по неколку часа била констатирана смрт.

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено во институтот за судска медицина на обдукција. МВР јави дека преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип