Најмалку 20 лица загинаа при судир на камион-цистерна, што превезувал киселина, и две возила во југоисточниот дел на Демократска Рапублика Конго.
Локалните власти соопштија дека цистерната превезувала киселина за потребите на рудник за бакар и кобалт сопственост на компанијата „Гленкор“.
Засега не се соопштени детали за несреќата, како ни причините што довеле до судирот.
Нема информации ниту за евентуални повредни, ниту дали од цистерната истекла киселина, која би можела да предизвика загадување на животната средина.