Продолжува штрајкот на аеродромите во Германија

Од:

Вработените во службите за безбедност на аеродромите во Хамбург и во Келн денеска го продолжија штрајкот поради платите, а повеќе од половината летови се откажани.

На аеродромот во Хамбург до 10 часот и 30 минути откажани се две третини од планираните 179 летови, а само два гејта се отворени од вкупно 20.

На аеродромот Келн-Бон досега се откажани над 100 од вкупно 200 закажани летови.

На аеродромите во Хамбург и во Дизелдорф вчера беа откажани стотина летови.

Повеќе од 70 отсто од вработените во безбедносните служби на аеродромите припаѓаат на најниско платените лица, кои заработуваат 8,23 евра бруто на час, а штрајкувачите бараат да им се зголеми од 2,5 до 3,5 евра за час.

Вработените во безбедносните служби на аеродромите во Дизелдорф и во Келн од истата причина штрајкуваа минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати