Берни Сандерс не го признава Гуаидо за легитимен претседател на Венецуела

Од:

Независниот сенатор од американската сојузна држава Вермонт, Берни Сандерс, кој најави учество во трката за демократски кандидат за претседател на САД на изборите во 2020 година, изјави дека не го признава Хуан Гуаидо за легитимен претседател на Венецуела.

Во интервју за телевизијата „Јунивижн“ Сандерс изјави дека тој не го признава Гуаидо за легитимен претседател.

– Она што треба да претстои се нови избори. Знаеме дека за последните избори има сериозни прашања. Тие беа фалсификувани. САД заедно со меѓународната заедница треба да помогнат во одржување на слободни избори во Венецуела, истакна Сандерс.

Според него, венецуелскиот народ треба да реши кој ќе биде претседател на земјата.

– Точно е дека (сегашниот претседател) го угнетува народот, но одлуката е кај граѓаните на Венецуела. Треба да се одржат слободни и фер избори, изјави Сандерс на прашањето дали смета дека шефот на венецуелската држава Николас Мадуро е „диктатор и треба се повлече“ од функцијата.

Како оценува „Политико“, по изјавата во која Сандерс избегна конкретен одговор дали Мадуро е диктатор и дали треба да замине, демократите од Флорида се сомневат дека тој има шанси да ја добие номинацијата за претседателски кандидат од Демократската партија.

Флорида е една од клучните сојузни држави. која на последните неколку претседателски избори се покажа како решавачка за тоа кој ќе биде избран за претседател. Флорида, заедно со уште пет други сојузни држави – Калифорнија, Тексас, Њујорк, Илиноис и Пенсилванија, имаат најголем број на гласови во електоралниот колеџ за избор на претседател на САД.

Би можело да ве интересира

Берни Сандерс ги нападна демократите за поразот на изборите

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот