Народниот правобранител го истражува инцидентот во затворот во Шутка

Од:

Екипи на Народниот правобранител се во затворот „Скопје“ и темелно ќе го истражат целиот случај, соопшти Народниот правобранител кој врз основа на објавите во медиумите и од јавувања на роднини на притворените лица самоиницијативно отвори предмет за вчерашниот инцидент во кој се повредени поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Омбудсманот во допис до медиумите информира дека ќе се обезбеди целосната документација, ќе се разговара со лицата кои учествувале во инцидентот, со очевидци и службени лица, ќе се изврши увид на местото на настанот, а ќе се обезбедат и видеоснимки од камерите за надзор. Ќе бидат повикани на разговор директорите на Управата за извршување на санкциите, Затворот„Скопје“ и на сите други службени лица за да дадат податоци во постапката и за објективно да се утврди настанот.

-Потсетуваме дека ваквите настани ги потврдуваат повеќегодишните континуирани укажувања на Народниот правобранител за сериозноста на проблемите со затворскиот систем од секаков аспект: материјално, кадровски, безбедносен, здравствен, образовени сл. Според Народниот правобранител, тоа што се случува во казнено-поправните установи е резултат на поставувањето на нестручни и партиски кадри на раководни позиции во овие установи, што создава длабоки поделби од различен аспект: национален, верски, партиски, а како последица на ова е лошиот безбедносен систем не само за осудените и притворените лица, туку и за општеството во целина, посочува Народниот правобранител во соопштението.

Според Омбудсманот, затворскиот систем во земјава моментов е место во кој пресметките помеѓу осудените, како и притворените лица се чести, а причините, како што посочува, се различни, но општопознати.

-Од „посредување“ за добивање погодност, набавка на телефон, преку обезбедување кревет, давање на други услуги – и сето тоа за определен паричен надомест, во што се инволвирани и вработените во затворите. За сето ова, како и за нефункционалната ресоцијализација која наместо да превоспитува, регрутира лица со девијантно однесување, ја алармиравме јавноста и побаравме од менаџментот на затворите и Управата за извршување на санкциите сериозно да ги испитаат ваквите сознанија и изјави од осудените лица, но до денес нема реакција, нагласува Правобранителот.

Институцијата ги повика раководствата на казнено-поправните установи, Управата за извршување на санкциите и Министерството за правда сериозно да се зафатат со подобрување на затворскиот систем во целина, а притоа, како што нагласува, особено да се има предвид сериозноста на ситуацијата, преку преземање мерки за обезбедување на физичкиот интегритет на лицата, мониторирање, превенирање и спречување физичко и друг вид насилство кое може да го загрози здравјето и животот на лицето додека ја издржува мерката притвор или казната затвор.

Очекува надлежните органи да ги преземат сите мерки за расчистување на овој настан и да утврдат дали од страна на припадниците на затворската полиција или другите служби соодветно се реагирало и следствено да се санкционираат лицата кои, иако имале обврска да превенираат и спречат насилство, дозволиле тоа да се случи.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Љупчо Палевски влезе во затворот во Шутка

Анита Петровска Рајковиќ

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321