ВИДЕО: Пратеничките Лашкоска и Манскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Од:

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски им се заканаувал со каменот.

Во еден момент додека зборуваше Павле Богоевски, пратеничката Ане Лашкоска почна да вика дека Мисовски се зканувал на пратеничката Магдалена Манаскова покажувајки и го каменот.

Мисовски тврдеше дека од почеток на седницата стои каменот како потсетник за 27 април. Негира дека се заканувал, вели дека тоа е каменот со кој го удирале него насилниците на 27 април.

Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ, продолжија да довикуваат како го внел каменот, по што Богоевски ја прекина седницата десет минути за да се смири атмосферата.

На дневен ред е одземање на имунитетот на пратеникот, Трајко Вељаноски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“