МВР: Лага е дека биле вадени органи на лицата кои беа пронајдени мртви

Од:

Министерството за внатрешни работи ги отфрла пишувањата по социјалните мрежи дека им биле вадени органите на лицата кои изминативе денови беа пријавени за исчезнати, а потоа пронајдени мртви. Според МВР, станува збор за лаги и измислици на неодговорни поединци кои ги споделуваат на социјалните мрежи за да предизвикаат паника кај граѓаните.

„Целосно ги демантираме лагите и измислиците што неодговорни поединци ги шират по социјалните мрежи со цел да предизвикаат паника кај граѓаните. МВР ја гарантира безбедноста на граѓаните. Апсолутна лага е дека имало некакво вадење на органи или некакви слични дезинформации. Апелираме до медиумите и јавноста да се повикуваат на официјалните податоци на институциите и да се воздржат од шпекулации што можат да ја вознемират јавноста. Статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94% . Апелираме уште еднаш за воздржување од шпекулации кои неосновано ја вознемируваат јавноста“, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека ќе преземат мерки против лицата кои ги шират ваквите вести со намера да ја вознемират јавноста.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он