Во словенечкиот рудник „Велење“ повредени шест рудари

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Во словенечкиот рудник за јаглен „Велење“, во несреќа која што се случи неколку минути по полноќ повредени се 6 рудари.

Двајца од нив се во потешка здравствена состојба,но само еден е задржан во болницата, и покрај тоа што не е во животна опасност.

Директорот на рудникот, Милан Медвед вели дека несреќата ја предизвикал природен феномен – изнанадувачко ослободување на напнатоста во окното кое во рудниците привремено доаѓа, но не може да се предвиди.

Последен таков случај е забележан во истиот рудник во 2010 година, кога полесно беа повредени тројца рудари.

По прегледот на местото на несреќата, во рудникот е продолжена работата, бидејќи е заклучено дека не постои никаква опасност за рударите.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг