Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

Од:

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски.

Информацијата ја потврди за „А1он“ пратеникот Павле Богоевски кој претседава со Комисијата.

Седницата на Комисијата се очекуваше да се одржи во текот на денешниот ден, но процесот се пролонгира поради тоа што од кривичниот суд до Собранието испратиле барање со техничка грешка. Новото барање стигна доцна попладнево до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кое тој го препратил до Комисијата.

Според деловникот, откако претседателот на Собранието ќе го достави барањето до Комисијата, истата треба да одржи седница на која ќе го разгледа барањето и да го достави извештајот до собранискиот спикер. По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со мнозинство од вкупниот број пратеници.

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристоски вчера попладне беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“