Јапонија наскоро ќе отвори Амбасада во Косово

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја прими денеска државната секретарка за надворешни работи на Јапонија, Тошико Абе, која најави дека нејзината земја наскоро ќе отвори Амбасада во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението од кабинетот на Тачи, на средбата станало збор за односите меѓу двете земји и за теми од билатерален интерес.

– Деновиве одбележуваме 10 години билатерални односи меѓу двете држави. Вашата посета на Косово и потпишувањето на договорите меѓу двете држави ќе ја зајакне уште повеќе оваа соработка. За нас Јапонија останува стратешки партнер, изјавил Тачи на средбата.

Шефицата на јапонската дипломатија изразила уверување дека отворањето на дипломатското претставништво на Токио во Приштина ќе придонесе за натамошно поврзување меѓу двете земји и двата народа.

Досега дипломатската мисија на Јапонија во Виена го покриваше и Косово со нерезидентен амбасадор.

 

 

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години