Бугарија депортираше делегација на Хамас

Од:

Бугарските власти денеска ги депортираа членовите на делегацијата на палестинското радиклано Исламско движење на отпорот (Хамас), кои престојуваа во посета на Бугарија.

– Бугарската полиција утрово изврши претрес во хотелот каде претсојуваше делегацијата ма Хамас. Полицијаците со употреба на сила ги качија членовите на делегацијата во возила и ги пренесоа до аеродромот, изјави за турската агенција Анадолија, Салах Бердевил, еден од членовите на делегацијата.

Според него, депоратцијата на членовите на Хамас е „резултат на притисокот на бугарски официјални претставници лојални на израелските власти“.

– На овој потег гледам како на политичко ембарго на Европа кон Хамас. Претпоставувам дека ваквата одлука е донесена по силниот притисок на министерот за надворешни работи на Бујарија, кој е со израелско потекло, потенцира Бердевил.

Четиричлената делегација на Хамас допатува во посета на Бугарија во рамките на нејзината европска турнеја што заполна на 13 јануари.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски