ВМРО-ДПМНЕ: Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта

Од:

Ако СДСМ  продолжи со ова темпо да ги вработува ќерките, синовите, мајките, браќата, тетките, стрините и останатите роднини,  на високи позиции во државната администрација, просечната плата веројатно ќе продолжи да расте, но право пропорционално со тоа ќе осиромашуваат граѓаните и државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. 

„Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта, за сите други паѓаат.  Трошоците за живот од месец  во месец се се повисоки, а граѓаните тоа го чувствуваат по нивниот џеб.

Над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, а власта ништо не презема.

Државата оди кон дното, власта само во последната година задолжи нови скоро половина милијарда евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации. Со тоа јавниот долг надмина 50%.

Со СДСМ Република Македонија само тоне. Нема просперитет со власта на Зоран Заев, токму затоа потребно е што побргу да си заминат“, се вели во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски