Израелски воени авиони извршија воздушен напад врз источниот дел на Појасот Газа, каде Палестинците организираа протест.
Две ракети биле истрелани во близина на демонстрантите, но засега нема информации за евентуални жртви во нападот.
Израелската армија соопшти дека цел на нападот бил објект, поврзан со движењето Хамас, како одговор на „огнените балони“ пуштени кон јужните израелски населби во близина на Појасот Газа.
Според израелски официјални претставници, импровизираното воздушно оружје предизвикало повеќе пожари во израелските населби и причинета е поголема материјална штета.