Јункер: Европската перспектива на Западен Балкан е прашање на војна или мир

Од:

Земјите од Западен Балкан треба да имаат вистинска перспектива за членство во Европска Унија, бидејќи во спротивно постои ризик од враќање во 1990-тите, изјави денеска во Брисел претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Јункер за перспективата за членство на тие земји разговараше со словенечкиот претседател Борут Пахор.

– Ако тие земји не станат членки на ЕУ, ризикуваме враќање во 90-те. Мислам дека тоа е прашање на војна или мир, рече Јункер на заедничката прес-конференција.

Зборувајќи за европската перспектива за Западен Балкан, Пахор посебно се осврна на Босна и Херцеговина, кон која рече дека треба да се биде „суптилен“, што не значи дека треба да и се попушта по прашањето за исполнување на критериумите за европска интеграција.

Јункер, кој на прес-конференцијата се појави со фластер преку образот, рече дека сака да нагласи дека се исекол утрово додека се бричел, за да не се протолкува „дека тоа му го направила британската премиерка Тереза Меј“.

По состанокот со Пахор, Јункер имаше средба со британската премиерка.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ