• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Фазлиу: Работна група работи на поместување на процесот на децентрализација

by А1он20/02/2019 - 14:38211
Share0

Работна група составена од експерти до септември треба да даде предлог, како ќе се одвива процесот на децентрализација на општините, којшто подолг период е закочен, најави министерот за локална самопурава, Сухејл Фазлиу, кој денеска присуствуваше на регионалните формуски сесии во Штип.

Добивај вести на вибер

-Ние го следиме процесот, а во рамките на тоа имаме формирано од страна на Владата една работна група, којашто ја координира Министерството за локална самоуправа, а има за цел ревидирање на начинот на финансирање на општините преку блок-дотациите. До крајот на септември ќе излеземе со конкретна формула за начинот на финансирање, ќе ги разгледаме, каде биле предностите и слабостите на овој начин на финансирање, досегашниот, да ги поправиме и дефинитивно начинот на распределба на блок-дотациите да биде на задоволително ниво кон општините, за да не следат повторно долгови, вели Фазлиу.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека добро е што има поместување во делот на процесот на децентрализација, а новините и преземањето на ингеренциите од централната власт треба да се прави внимателно и да има добар предлог како тоа ќе се направи.

-Јас сум позитивен кога треба да зборуваме за процесот на децентрализација, којашто е почнат во далечната 2005 година, кога дел од институциите се префрлени под ингеренции на општините. Јас верувам дека општината има поголем и подобар капацитет и увид што се случува на нејзината територија, за подобро да работи и ги менаџира тие институции, вели Бочварски.

Тој забележа дека градоначалниците веќе имале и состанок во Министерството за култура, каде што разговарале за преземање на центрите за култура под општинска капа.

-Ние сме отворени, но тоа мора внимателно да се направи, заради тоа што многу е важно на кој начин ќе бидат предадени, долговите да бидат расчистени, од друга страна многу е важно блок-дотациите, коишто ќе ги добиеме за менаџирање со тие институции да бидат доволни, со цел ние да можеме да работиме. Јас сум убеден и тврдам дека општините ќе можат подобро да се справат и да работат со тие институции, вели Бочварски.

Штипскиот градоначалник истакна дека тој е поборник да продолжи процесот на децентрализација на општините од неколку аспекти, меѓу кои и како една од мерките за да се намали процесот на иселување на младите кон Скопје или странство.

lokalna samouprava

Би можело да ве интересира

Програмата која ја ветивме во најголем дел е остварена, ги вративте општините на вистинскиот пат, вели Мицкоски

Горан Наумовски23/08/2025 - 12:1523/08/2025 - 12:16

ВМРО-ДПМНЕ: За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти

Горан Наумовски29/06/2025 - 09:20

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

Горан Наумовски11/09/2024 - 11:46

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Предраг Петровиќ28/10/2023 - 13:48

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска28/04/2023 - 14:01

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска01/03/2023 - 14:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен