• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Адеми: Не е реваншизам одземањето надлежности на Општина Гостивар во образованието

by А1он20/02/2019 - 13:43295
Share0

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска изјави дека одземањето надлежности на Општина Гостивар за именување и разрешување директори на општински средни и основни училишта не е реваншизам и не е политички мотивирано.

Добивај вести на вибер

– Сме се соочиле со низа нерегуларностио во насока на разрешување и именување на директори во основни и средни општински училишта. И како Министерство сме биле приморани да реагаираме бидејќи такво задолжение имаме од законот. Се разрешени речиси сите директори на основни и средни училишта без постапка, се именувани директори во сите училишта каде имало разрешување без постапка и огромен дел од тие директори што биле именувани на такви позиции не ги исполнувале условите пропишани со закон да бидат именувани како директори, изјави Адеми по посетата на Основното училиште „Братство“ во Општина Карпош.

Министерот за образование и наука рече дека се соочиле и со ситуации каде еден директор за многу краток период бил разрешен двапати.

– Првпат кога се вратени надлежностите, по укажувањето на Државниот просветен инспекторат (ДПИ) пак ги вратил за да ги разреши по шест дена вторпат. И првиот и вториот пат на разрешување се именувани исти кандидати кои не ги исполнуваат условите за да бидат избрани за директор, рече Адеми.

Ова, како што рече, е непопопуларна мерка, но е мерка која е задолжителна за да се преземе како Министерство за образование и наука кога ќе се соочиме со вакви ситуцаии. Најави дека Решението за одземање на надлежности на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ќе биде достапно за сите. Во Решението конкретно се отсликува секоја постапка од Државниот просветен инспекторат и тоа што презело во оваа насока МОН.

Таква мерка, како што рече, никој не би посакал да преземе освен во ситуации кога е принуден.

– И пред една година кога првпат му беа одземени надлежностите имаше исти вакви небазирани обвинувања, па во времето кога беа вратени тие надлежнисти тој призна и рече дека направил грешка. Таква изјава е достапна за целата јавност бидејќи мислам дека пред три месеци ја даде во мое присуство и пред целата јавност. И сега велам дека тие обвинувања се небазирани, неосновани и затоа подобро демантирање на неговите изјави се незаконските постапки кои ги спровел во Општина Гостивар во насока на именување и разрешување на директори, а кои се отсликани детално во нашето решение за одземање на надлежности, појасни министерот Адеми.

gostivarmon

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:25

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Горан Наумовски08/01/2026 - 13:05

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:48

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

Горан Наумовски24/12/2025 - 13:06

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:3519/12/2025 - 14:36

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Горан Наумовски11/12/2025 - 14:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен