А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривични и притвор за двајца велешани за препродавање дрога

by А1он15/02/2013 - 11:31161
Share0

Секторот за внатрешни работи Велес до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против А.ф. (43) и Х.Е. (35), двајцата од Велес, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Истражен судија на двајцата им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

А.Ф. поседувал поголемо количество марихуана која имал намера да ја продаде поради што стапил во контакт со Х.Е. и се спријателил, а по кратко време му дал 22 идентични пакувања со вкупна тежина од околу два килограма. А.Ф. инсистирал Х.Е. да најде купувачи и да ја продаде дрогата. За да бидат постојано во контакт му дал мобилен на кој постојано му се јавувал да ја продаде дрогата и да му ги исплати парите, му обезбедил и кујнска вага. Неможејќи да го истрпи притисокот од првопријавениот, Х.Е. стапил во контакт со непознати лица од Кочани и со нив договорил купопродажба на одредена количина марихуана.

На 13-ти овој месец, А.Ф. му дал на Х.Е. 1.000 денари за автобус да отиде во Кочани и да продаде 80 грама марихуана. При рутинска контрола од страна на полицијата, пред влезот во Кочани е сопрен автобусот и е пронајдена дрогата, а второпријавениот е приведен во полиција.

Следете a1on на Youtube YouTube

При извршениот претрес во куќата на второпријавениот се пронајдени 22 пакувања марихуана со тежина од околу два килограма.

drogamvr

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он28/07/2026 - 17:03

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он28/07/2026 - 15:55

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски16/07/2026 - 10:3416/07/2026 - 10:37

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 08:5415/07/2026 - 12:36

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он13/07/2026 - 14:4813/07/2026 - 14:46

Син уби татко во Скопје

А1он13/07/2026 - 10:5813/07/2026 - 10:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео