А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Вработување на младите лекари и зголемување на платите во јавно здравство

by А1он19/02/2019 - 12:29538
Share0

Министерството за здравство соопшти дека по завршувањето на студиите на Медицинскиот факултет студентите ќе добијат можност за практична работа во здравствените домови во Република Северна Македонија. Ова, како што посочуваат од Министерството, е последна новина во низата промени за повисок стандард и подобри услови на здравствените работници во земјава.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Како што најавивме пред неколку дена успеавме да направиме модел каде секој студент ќе добие можност за практична настава во здравствените установи. Ова е само еден од многуте чекори кои ги презема Министерството за здравство за подобрување на условите на медицинскиот кадар во земјава, изјавил министерот за здравство, Венко Филипче по средбата со трите здруженија на лекари специјализанти.

Од Министерството информираат дека претставниците од здруженијата ги поддржале предлозите на министерот и се согласиле да бидат дел од процесите со кои ќе се реализира предлогот сите лекари штом ќе добијат лиценца, веднаш да им се даде можност шест месеци да добијат платена практична работа во Итната медицинска помош, во вакциналните пунктови и поливалентните патронажни служби.

Министерството за здравство од јануари годинава ја зголеми и основната плата на здравствените работници, здравствените соработници и помошниот технички персонал во здравството. Зголемувањето се движи од пет до 10 проценти, при што кај лекарите-специјалисти е 10 отсто, за медицинските сестри на клиниките – осум проценти, а останатите медицински сестри добиваат зголемување од пет проценти. Сите останати здравствени работници добиваат петпроцентно зголемување. За администрацијата во здравството, пак, е предвидено зголемување на основната плата од пет проценти од септември, годинава.

Следете a1on на Youtube YouTube

Коефициентот за дежурства е коригиран во сооднос со зголемената основна плата при што надоместоците за дежурствата на лекарите остануваат на исто ниво како што било пред зголемување на основната плата. Како дополнување на мерките за подобрување на состојбата, Министерството за здравство, минатата година првпат обезбеди и средства за вложениот труд на специјализантите. Тие сега земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар, стои во соопштението.

ministerstvo za zdravstvomladi lekarizgolemuvanje na plati vo javno zdravstvo

Би можело да ве интересира

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски12/08/2026 - 14:5412/08/2026 - 14:56

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 10:27

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски03/08/2026 - 12:2803/08/2026 - 12:30

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

Катерина Ѓуровски03/08/2026 - 11:37

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он02/08/2026 - 12:41

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 12:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео