МВР: Контроли се вршени во Автомото здружението Гостивар како и во другите правни лица со ваква дејност

Од:

Министерството за внатрешни работи вршело контроли и во Автомото здружението Гостивар, како и во другите правни лица што вршат ваква дејност. Ова го истакнуваат од МВР отфрлајќи го како дезинформација изнесеното на прес-конференција од партијата ВМРО-ДПМНЕ во врска со контролите во Автомото здружение Гостивар.

-На 04.04.2018, согласно програмата за работа на Секторот за сообраќајни работи во Бирото за јавна безбедност, извршена е редовна контрола над „Авто мото здружение Гостивар“ и утврдени се недостатоци и пропусти во работењето, односно утврдено е дека не се обезбедува видео запис од возила што извршиле технички преглед, што е спротивно на чл. 8 од Правилникот за технички преглед на возила и поради тоа од страна на МВР е донесено Решение за изречена мерка – Забрана да врши технички преглед на возила и неправилноста да ја отстрани во рок од 30 дена. Правното лице го отстранило недостатокот и писмено го известило МВР дека тоа е направено, по што стручни лица од МВР извршиле повторен надзор и констатирале дека недостатокот е отстранет, за што се изготвени записник и службена белешка. Откако е констатирано дека недостатокот е отстранет, на 15.8.2018 е донесено решение дека правното лице може да продолжи со работа, бидејќи ги исполнува законските услови, појаснуваат од МВР.

Апелираат до политичките партии да не шират дезинформации и шпекулации и да не се обидуваат да ја злоупотребат оваа трагедија и да остават институциите да ги утврдат причините за овој трагичен настан.

 

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево

Полицијата уапси едно лице по несреќата во Скопје во која загина 19-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

(ВИДЕО) Двајца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Шабац, камион удри во екипа на пат

Осуммина тешко повредени во верижен судир кај Битола, патот е затворен

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он