На Попова Шапка денеска ќе се одржи првиот Регионален форум во Полошкиот плански регион, во рамките на проектот „Рамномерен и инклузивен регионален развој”.
Ова е прв од серијата форумски сесии на кои преку консултативен процес ќе се утврдуваат приоритетите и ќе се бараат решенија во партнерство на локалните власти со граѓанскиот и со бизнис секторот.
Форумот ќе го отвори министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, а според најавата, ќе присуствуваат градоначалници и граѓани од Полошкиот плански регион.
Проектот „Рамномерен и инклузивен регионален развој” го имплементира Министерството за локална самоуправа, со поддршка на швајцарската Влада.