Нетанјаху покрај премиерската држи и министерски позиции–по 4 години денеска се откажа од една од нив

Од:

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се повлече од функцијата министер за надворешни работи, првпат откако ја презема власта пред четири години и го назначи израелскиот министер за транспорт, Израел Кац, за вршител на должност министер за надворешни работи.

Нетанјаху се соочува со критики зошто важни министерски позиции си задржа за себе, а критиките се интензивираа кога неодамна тој ја презеде улогата и на министер за одбрана, откако Авигдор Либерман поднесе оставка во ноември.

Нетанјаху, исто така е и министер за здравство.

Неговата одлука да се повлече од функцијата министер за надворешни работи дојде кратко време откако невладината организација во Ерусалим, Движење за квалитетна влада во Израел, се обрати до Врховниот суд поради бројот на министерски позиции што ги држи Нетанјаху, објавија израелските медиуми.

Би можело да ве интересира

Тројца уапсени откако беа испукани ракети во резиденцијата на Нетанјаху

Нетанјаху му се обрати на иранскиот народ: „Ќе бидете слободни и побрзо отколку што мислите“

Предраг Петровиќ

Продажбата на српско оружје на Израел забележа огромен пораст, вредност од 7,3 милиони евра само во јули

Предраг Петровиќ

Бајден ја нарече скандалозна одлуката да се бара потерница за Нетанјаху и Галант

Предраг Петровиќ

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно

Се закани со нуклеарен напад на Газа, Нетанјаху мораше да го суспендира министерот