Гробот на Карл Маркс, кој се наоѓа на лондонските гробишта Хајгејт, повторно е вандализиран, втор пат во помалку од две недели, објавија британските медиуми.
Непознат сторител со црвена боја на надгробната плоча испишал пароли „доктрина на омраза“ и „архитект на геноцид“, а полицијата за ова била информирана во саботата наутро. Нападот на споменикот доаѓа по помалку од две недели откако претходно некој со тап метален предмет ја оштетил мермерна плоча, дел од споменикот на кој се испишани имињата на оние кои почиваат тука.
„Целта е името на Карл Маркс, ова не е обичен вандализам, туку насочен напад кон ликот и делото на Карл Маркс“, изјави по првиот вандалски чин, Јан Дангвел, шеф на фондацијата „The Friends of Highgate Cemetery“, која ги одржува гробиштата.
Vandals back at Marx Memorial, Highgate Cemetery. Red paint this time, plus the marble tablet smashed up. Senseless. Stupid. Ignorant. Whatever you think about Marx’s legacy, this is not the way to make the point. pic.twitter.com/hGKBMYGWNy
— Highgate Cemetery (@HighgateCemeter) February 16, 2019
Од гробиштата Хајгејт, преку „Твитер“, порачаа дека станува збор за глупав и бесмислен вандализам.
Лондонската полиција соопшти дека засега никој не е уапсен за овој чин, исто како и за оној од пред две недели.